Балотели удри по легендарниот Бобан: Кој, по ѓаволите, си ти да кажуваш како треба?

Пауло Фонсека ја режираше победата против Интер (2-1) со што успеа да го задржи местото на клупата на Милан, откако по претходниот пораз дома од Ливерпул (1-3) во ЛШ беше нападнат од сите страни.

Особено критичен беше Звонимир Бобан, кој му се врати на коментирањето натпревари по ненадејното заминување од УЕФА. Легендарниот Хрват ја има улогата на стручен коментатор и аналитичар на телевизијата Скај Спорт, а по натпреварот му постави на Фонсека неколку прашања за тактиката и распоредот на играчите. Тоа не им се допадна на сите, особено не на Марио Балотели, кој жестоко го нападна Хрватотот поради неговиот тон и однесување кон тренерот на Милан.

„Не се согласувам со начинот на кој зборува. Се чини дека знае сè, како само неговите идеи да се точни. Колку дрско да се кажат некои работи на Фонсека, како тој треба да си ја врши работата. Кој си ти, по ѓаволите? , изјави Балотели.