На Барса ѝ пропадна турнејата во Азија и загуби 15 милиони евра

Шпанскиот шампион Барселона вчера требаше да отпатува на Далечниот исток каде до 4 август требаше да одигра три пријателски натпревари, но турнејата е откажа што предизвика големи финансиски последици за клубот.

Во склопот на оваа турнеја, „каталонците“ требаше да играат со јапонскиот Висел Кобе на 27 јули, и корејските Сеул и Даегу на 31 јули и 4 август, а од овие три меча да заработи 15 милиони евра. Сепак, поради грешка или измама на промотерот, патувањето засега е откажано, првиот натпревар дефинитивно нема да се игра, а за останатите два се водат преговори за одигрување.

Компанијата „D-Drive“ која била задолжена за промоција на турнејата на Барселона се огласи со соопштение во кое генералниот директор Сеул Хам објасни дека компанијата Јасуда Груп која била организатор на натпреварот со Висел Кобе не ги испочитувала условите од договорот и не ги уплатила парите. Останува надеж дека Барса, сепак, ќе игра со Сеул и Даегу бидејќи локалниот промотер за Јужна Кореја ги извршил своите обврски во целост.