Мурињо шмекерски се радуваше со кренати пет прсти, па се расплака како – мало дете (ФОТО+ВИДЕО)

Жозе Мурињо и досега беше еден од најдобрите тренери на сите времиња, но од вечерва тој и официјално е единствен со освоени трофеи во пет различни натпреварувања на УЕФА - Лигата на шампионите, Купот на УЕФА, Лига Европа и сега во новоформираната Конференциска лига.

Во првата сезона по доаѓањето на клупата на Рома, со триумфот над Феенорд (1-0) во финалето во Тирана на овој тим му го донесе првиот европски трофеј, ако не се смета успехот во некогашниот Куп на саемските градови и тоа пред повеќе од шест децении.

Мурињо сега се изедначи со легендарниот Џовани Трапатони како единствени двајца тренери со пет европски пехари, со тоа што Португалецот е подобар со оглед што се уште нема пораз во некое финале во натпреварувањата на УЕФА. Поради сето ова, тој не издржа, па се расплака прво на самиот крај на средбата, а потоа додека даваше интервју по завршување на церемонијата.