„Мурињо никогаш не бил вистински избор за Манчестер јунајтед“

Манчестер јунајтед се наоѓа во големи проблеми и го има најлошиот старт на сезона во последните 29 години, а многумина за тоа го обвинуваат стратегот Жозе Мурињо.

„Црвените ѓаволи“ се посрамотија на почетокот на сезоната, а за лошата атмосфера во соблекувалната нема потреба да се зборува бидејќи тоа го потврдија и неколку играчи.

Поради хаосот кој се случува на „Олд Трафорд“ реши да се огласи и поранешниот играч на Јунајтед, Пол Паркер, кој порача дека клубот згрешил кога го ангажирал Мурињо.

„Можеме да зборуваме за двата трофеи кои ги освои, но тие не се важни. Секогаш зборував дека Мурињо не е вистински избор за Манчестер јунајтед. Луј Ван Гал сигурно ќе беше подобар од него, доколку останеше во тимот. Верувам дека Мурињо наскоро ќе добие отказ, зашто повеќе вака не оди“, кажа Паркер.