Монако го доби дербито со Ница и скокна до второто место во Лига 1

Фудбалерите на Монако триумфираа со 2-1 против Ница во 27. коло во француската Лига 1.

„Кнезовите“ не реализираа пенал во петтата минута, по што казната пристигна преку Жереми Бога во 41. минута.

Бирет ја корегира грешката од стартот на натпреварот, по што во 55. минута стрелаше за 1-1, додека неговиот тимски колега Емболо во 73. минута обезбеди целосен пресврт.

Монако се наоѓа на втората позиција со 50 бодови, односно три повеќе од Ница која е четврта во Лига 1.