Митровиќ и Санчез играа фудбал во „грчко-римски стил“ (ВИДЕО)

Интересен дуел имаше на лондонското дерби во Премиерлигата помеѓу Фулам и Тотнем. 

Голгетерот на домашниот тим Александар Митровиќ имаше боречки дуел со дефанзивецот на гостите Дејвисон Санчез. Да беше ова вистинско борење, Митровиќ веројатно ќе добиеше поени, но овој пат заработи жолт картон, како и Санчез.