Милан со емотивна порака се збогува со Берлускони (ФОТО)

Силвио Берлускони денеска почина во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано на 86-годишна возраст. Тој беше претседател на Милан повеќе од три децении и клубот во неговата ера доживеа огромни успеси.

Милан преку социјалните мрежи испрати емотивна порака со која се збогува од Берлускони.

„Утре ќе сонуваме други цели, ќе смислиме нови предизвици, ќе бараме нови победи. Тие треба да бидат вредни за откривање на она што е добро, силно и вистинито во сите нас кои бевме дел од оваа авантура поврзана со животниот сон Милано. Ти благодариме претседателе, засекогаш со нас“, објави Милан.