Михајловиќ ќе добие три милиони евра од клубот на Ристовски

Судот за спортска арбитража донесе одлука во корист на Синиша Михајловиќ во спорот со Спортинг Лисабон каде што настапува македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Михајловиќ ќе добие три милиони евра од португалскиот тим затоа што клубот со него го раскина договорот по само девет дена во 2018 година.

Меѓу потпишувањето на договорот со Михајловиќ и неговото пристигнувањево Спортинг беа одржани избори, па беше променет претседателот на клубот, а тој реши Србинот да не биде тренер.

Михајловиќ не можеше да се договори со управата на клубот, па се обиде своите бара да ги добие на Судот за спортска арбитража, кој му даде рок на Спортинг до 30 април да го исплати долгот кон тренерот.