Меси поради повреда ја завршил сезоната, но Интер Мајами намерно не потврдува!?

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси поради повреда на последните три меча одигра само 37 минути и веќе три недели е надвор од фудбалските терени.

Навивачите и понатаму плаќаат скапи билети, додека Аргентинецот ги гледа натпреварите од клупата, а според медиумите Меси има сериозна повреда и нема повеќе да настапи до крајот на сезоната.

Тренерот Тата Мартино кажа дека Меси тренира индивидуално и на теренот ќе се врати наскоро, но дел од фановите се сомневаат во тоа и сметаат дека Интер Мајами молчи поради продажбата на билети.