Меси има еден куп „муштерии“, но ниту една не е како Севилја!

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, е страв и трепет за противничките одбрани, а за тоа најдобро говори неговата статистика. Аргентинецот на 856 официјални натпревари има постигнато дури 697 голови - звучи фантастично!

Дури 627 постигна во дресот на Барселона, а дефинитивно ќе остане запаметен како еден од најдобрите што некогаш играле фудбал.

Бројките се приказна за себе, Аргентинецот руши рекорд за рекорд, а неговата слаба точка се секако успесите со репрезентацијата.

Мрежите ги тресеше речиси секаде, а најредовен „пациент“ му е Севилја, на која и има дадено 37 погодоци. Тука е и лутиот ривал Реал со 26 гола.