Мец го сопна Марсеј и го израдува ПСЖ (ВИДЕО)

Олимпик Марсеј ја прекина победничката серија во француската Лига 1 со ремито кај Мец (1-1), а тоа најмногу го израдува ПСЖ кој има шанса да ја зголеми предноста на врвот.

Мец во 40. минута поведе со 1-0, по што Марсеј се освести и буквално се „истури“ од шутирање кон голот на домаќините. Сепак, тие ја погодија мрежата само еднаш во 71. минута преку Радоњиќ, кој ги постави конечните 1-1.

Марсеј е второпласиран со 35 бодови, односно четири помалку од лидерот ПСЖ, кој има одиграно и два меча помалку од ривалите.