
Мбапе: Знам дека во Мадрид сите се разочарани од мене, се надевам ќе ме разберат!
Мбапе до минатата среда веќе беше зачекорен на „Сантјаго Бернабеу“, но во последните 48 часа се случи пресврт, по што во неделата тој на „Паркот на принцовите“ објави дека останува до 2025 година.
„Јас многу го почитувам Реал Мадрид и Флорентино Перез. Направија сѐ за да ме направат среќен и затоа лично морав да им се јавам за да им ја кажам мојата одлука. Со нив имам многу личен однос, но едноставно решив дека за мене најдобро е да останам. И мислам дека ја донесов вистинската одлука. Не знам што ќе се случи во иднина, каде ќе бидам за три години. Јас само сакам да им се заблагодарам на сите мадридисти, кои имаа огромна почит кон мене, што ме прифатија како еден од нив и го разбирам нивното разочарување. Но, мислам дека и тие треба да разберат дека јас одлучив да останам во мојата татковина“, рече Мбапе.