
Мбапе се правда: Не останав во ПСЖ (само) поради парите!
Тој потенцира дека е тажен што сите мислат дека останал поради парите, кои, според добро информираните, може да достигнат и до 300 милиони евра во следните три сезони.
„Тажен сум зашто сите зборуваат за парите, а јас никогаш не сум го правел тоа туку само за фудбалот, титулите и важните натпревари. Јас зборувам на теренот. Парите одат на моја сметка, но им посветувам малку внимание. Тука сум да освојувам титули, да покажам дека сум најдобар на светот и да бидам среќен“, изјави Мбапе.
Францускиот репрезентативец потврди и дека клучна улога во останувањето имал и советот што го добил од францускиот претседател, Емануел Макрон.
„Никогаш не мислев дека ќе зборувам со таква личност околу мојот нов договор. Неверојатно беше да се разговара со Макрон, но на крајот одлуката беше моја, иако сите ми дадоа добри совети. Останав зашто следува нов проект, нова ера на ПСЖ и мислам дека донесов добра одлука“, дополни Мбапе.
Фантастичниот напаѓач истовремено откри дека Реал Мадрид не е единствениот тим со кого преговарал, туку дека имал сериозни разговори за евентуален трансфер во Ливерпул.