Мбапе на „Твитер“ ги искоментира шпекулациите кои го поврзуваат со Реал (ФОТО)

Низ медиумите вчера се појавија информации дека Килијан Мбапе е многу близу до заминување од редовите на ПСЖ. 

Наводно фудбалерот имал неколку барања до челниците на клубот, како да игра во шпицот на нападот, наместо на крило. Потоа тој мора да ги изведува сите пенали на ПСЖ и да поседува поголем процент од неговите маркетиншки права, ако остане во клубот.

Интересно е тоа што овие шпекулации ги искоментира самиот Мбапе откако ги сретна на „Твитер“.

„Се извинувам, заборавивте нешто, Килијан Мбапе сака да биде и голман. ЛАЖНИ ВЕСТИ“, напиша Мбапе.