
Манчестер Јунајтед за 80 милиони евра сака да купи играч на Реал Мадрид!
Се работи за играчот од средниот ред на кралскиот клуб, Едуардо Камавинга.
Францускиот фудбалер се прикажува во одлично издание иако во последно време го мачат повреди.
Неговиот квалитет и младост го прават скап, а тешко е за верување дека Чаби Алонсо ќе се откаже од него пред почетокот на сезоната.
Манчестер Јунајтед ќе си ја проба среќата и ќе го стави Реал Мадрид на тест со една висока понуда.