
Јован Манев ја напушти Хрватска и се пресели во Србија
Нови Пазар има амбиции да се наметне како стабилен прволигаш во Србија па поради тоа и работи на засилувањата, а од Манев очекува да биде столб во одбраната.
Македонскиот фудбалер во редовите на српскиот тим пристигнува од Риека каде што настапуваше во изминатата сезона.
Нови Пазар за репрезентативецот на Македонија ќе биде прв клуб во Србија откако претходно настапуваше и во Турција во Адана Демиспор, додека во Македонија беше дел од Брегалница и Осогово.
Во Нови Пазар Манев ќе настапува како позајмен фудбалер со опција неговиот договор да биде откупен.