Го дочекаа со големи очекувања, а дебито на Ѓокереш беше - едно од најлошите во историјата!

Во дербито од првото коло во Премиер лигата на „Олд Трафорд“, Арсенал славеше над Манчестер јунајтед со 1-0, а во овој натпревар за „топџиите“ дебитираше Виктор Ѓокереш кој не ги воодушеви навивачите.

Навивачите на Арсенал го дочекаа шведскиот голгетер со големи очекувања, но првите 60 минути за Ѓокереш во Премиер лигата беа разочарувачки. Според „Софаскор“, Ѓокереш беше најлошо оценетиот фудбалер од сите кои настапија, сметајќи ги и оние кои влегоа од клупата за резерви.

За време на теренот Ѓокереш не упатил ниту еден удар кон голот и комплетирал само четири од девет додавања. Освен тоа имал само еден обид за дриблинг и тој не бил успешен, добил два од седум дуели на земја и еден од шест воздушни. Топката ја изгубил дури 11 пати и еднаш дефанзивците на Јунајтед го фатиле во офсајд стапица. Со сето тоа неговата вкупна оценка била само 6.0.

Ако се земат предвид очекувањата кои се имаа од него ова е еден од најразочарувачките деби настапи во историјата на Премиер лигата. Прилика да се прикаже во подобро светло, Ѓокереш ќе има викендов кога Арсенал на свој терен ќе го пречека Лидс.

Фото: Arsenal/X