Вети дека нема да се шиша додека Јунајтед не врзе пет победи, еве како изгледа сега (ВИДЕО)

Навивачот на Манчестер јунајтед, Фрак Илет се најде во центарот на вниманието на медиумите на Островот во октомври 2024 година кога јaвно вети дека нема да се шиша додека „црвените ѓаволи“ не врзат пет победи во низа.

Илет отвори Инстаграм профил на кој секојдневно објавува како изгледа и во овој момент на тој профил го следат 222.000 луѓе.

Со оглед на тоа дека Манчестер јунајтед е далеку од своите најдобри денови имаше време да добие голем број фанови и најголем дел од нив се воодушевени што и понатаму си стои на зборот, а неговата коса од ден во ден станува сѐ поголема.

Последен пат тој ја се шишал на 5 октомври 2024 и само еднаш бил блиску повторно да ја скрати косата. Успеа Манчестер јунајтед да врзе три победи во период од 23 јануари до 30 јануари оваа година кога ги совладаа Ренџерс, Фулам и ФЦСБ, но тогаш мини-серијата беше прекината од Кристал палас кој на „Олд Трафорд“ победи со 2-0.