Роналдо покажа дека не мисли само на голови, Ал-Наср со фудбалер помалку до финале (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ал-Наср се пласираа во финалето од Суперкупот на Саудиска Арабија откако во полуфиналето беа подобри од Ал-Итихад со 2-1 и тоа со фудбалер помалку.

Головите за победничкиот состав ги постигнаа Мане и Феликс, додека единствениот гол за Ал-Итихад беше дело на Стивен Бергвајн.

Резултатот го отвори Мане кој погоди во 10. минута, но Сенегалецот веќе во 22. минута мораше да го напушти теренот затоа што заработи втор жолт картон. Претходно во 16. Бегрвајн израмни на 1-1.

Со по еден гол на двете страни се замина на паузата, а одлучувачкиот момент се случи во 61. минута кога Роналдо покажа дека не мисли само на голови и иако беше во идеална позиција сепак додаде до Феликс кој само ја смести топката во мрежата за 2-1 и победа на Ал-Наср.

Во финалето Роналдо ќе се бори за својот втор трофеј во Ал-Наср откако првиот го освои во 2023 година кога неговиот тим триумфираше во Арапскиот куп на шампиони.