
Меси за две недели ќе го одигра „последното танго“ во дресот на Аргентина!
Според аргентинските медиуми, мечотпротив Венецуела (4 септември) од квалификациите за СП 2026, закажан на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес, најверојатно ќе биде неговото „последно танго“ пред навивачите во својата земја. Меси (38), кој во 2022 година ја освои титулата светски првак во Катар, се очекува да игра на Мундијалот во САД, Канада и Мексико, но дуелот со Венецуела веројатно ќе биде последната прилика за аргентинските фанови да го видат во официјален натпревар на домашен терен.
„Жал ми е, но доколку нема промени, ова ќе биде последен пат Меси да игра официјален натпревар за Аргентина во Буенос Аирес. Следната официјална игра дома е предвидена дури во 2027 година и тоа само при пријателски натпревар“, објасни новинарот Фернандо Чиз.
По дуелот со Венецуела на 4 септември, Аргентина ќе гостува кај Еквадор на 9 септември, а пласманот на Светското првенство е веќе обезбеден, заедно со Бразил и Еквадор. Навивачите тешко ја прифаќаат помислата дека Меси ќе го облече дресот на „гаучосите“ по последен пат пред домашната публика.
„Тешко е да се прифати дека ова е скоро сигурно последен пат Меси да стапи на „Монументал“ во официјален натпревар“, пишуваат аргентинските медиуми.
ФОТО: EPA PHOTO