Шок за Ју-Ес опен: Синер се повлече од долго најавуваниот спектакл во Њујорк!

Новиот, според најавувањата, спектакуларен турнир во мешаните парови на Ју-Ес Опен доби голем удар – Јаник Синер потврди дека нема да игра заедно со Катерина Синијакова.

Италијанецот, синоќа, поради здравствени проблеми го предаде финалето во Синсинати против Карлос Алкараз при негатива од 0-5 во првиот сет.

„Не се чувствував добро. Сега имам неколку дена за опоравување, а потоа се враќам на работа. Се надевам дека ќе бидам подготвен. Ју-Ес Опен е тежок турнир, но навистина уживам во гренслемовите – тие се клучни во мојата кариера. Во моментов најважно е опоравувањето“, изјави Синер, додавајќи дека нема да настапи против Александар Зверев и Белинда Бенчиќ.

Синер најави дека во периодот на подготовка ќе посвети посебно внимание на сервисот, со цел да го подобри процентот на први сервиси и да влезе посигурно во мечевите во поединечна конкуренција. Турнирот во мешани-двојки годинава почнува порано и тоа денеска, а на него ќе учествуваат дел од најдобрите светски тенисер, како Карлос Алкарас со Ема Радукани односно Новак Ѓоковиќ со сонародничката, Олга Даниловиќ.

ФОТО: EPA PHOTO