Динамо Панчево се распадна во вториот дел, Вардар тргна со победа во Охрид

Ракометарите на Вардар ја оправдаа фаворитската улога и со победа од 29-27 над Динамо Панчево го стартуваа турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид.

Почетните минути на натпреварот донесоа изедначена игра, а српскиот претставник неколку пати имаше и предност по еден гол. Така се играше до 7-7, кога Вардар за првпат поведе со два гола разлика и од тој момент екипата од Панчево ниту еднаш не дојде до израмнување.

На пауза избраниците на Чупиќ имаа предност од три гола 14-11.

Како што заврши првиот дел, така продолжи вториот дел во кој Вардар доминираше и стигна до највисоки во натпреварот седум голови разлика. Во финишот српскиот тим успеа само да го ублажи поразот, без да ја загрози победата на Вардар.  

Јака Малус и Хориха беа најефикасни во редовите на Вардар со по пет постигнати гола.

Вардар оваа година во Охрид е бранител на трофејот кој го освои минатата година со победа над Алкалоид во финалето.