Луис Дијаз првпат проговори за Жота: Уште не можам да верувам дека го нема!

Луис Дијаз доби многу критики од светската фудбалска јавност бидејќи се забавуваше во ноќен клуб во Колумбија додека Диого Жота го погребуваа.

Колумбиецот по својот прв гол за Баерн Минхен со начинот на кој прослави му оддаде почит на Диого Жота.

Дијаз сега за првпат пред медиумите проговори за неговиот починат соиграч.

„Беше толку брутално…Си замина прерано, ние изгубивме неверојатно соиграч и понатаму не можам да поверувам дека го нема. Никој од нас не беше подготвен да слушне такво нешто“, изјави Дијаз по натпреварот во кој го потигна деби голот.