
Пелистер во Кавадарци ќе го пречека Шкупи, причината е - Италија!
Битолскиот тим во првите две кола им гостуваше на Вардар и Брера, а во третото коло кога требаше да игра на свој терен, одлучено е домаќин да биде во Кавадарци.
Причина за тоа е дуелот меѓу младинските селекции на Македонија и Италија кој на 9 септември ќе се игра на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
Со цел да се сочува теренот на стадионот во Битола, Пелистер против Шкупи ќе игра во Кавадарци.
Тој меч на програмата е на 25 август од 17 часот.