Реал Мадрид со победа од пенал ја почна новата сезона! (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 1-0 ја победи Осасуна во последниот меч од првото коло во Ла Лига, кралскиот клуб немаше убедливо отворање на сезоната.

Шпанскиот гигант имаше тотална доминација на теренот, постојано се играше на половината на Осасуна која одлично се бранеше.

Беше постигнат само еден гол и тоа од пенал. Мбапе беше фаулиран во шеснаесетникот на Осасуна, токму тој и го изведе пеналот. Беше прецизен за водство од 1-0, што беше и конечен резултат.

Осасуна мечот го заврши со десет фудбалери откако во самиот финиш Бретонес заработи директен црвен поради удар со лакт.