Мурињо призна: Меси ме направи подобар тренер

Португалскиот стратег, Жозе Мурињо беше искрен и во своето последно интервју имаше големи пофалби за Лионел Меси.

Мурињо никогаш во кариерата не соработуваше со Аргентинецот, но имаше прилика многу пати да води екипа против него, а тоа како што вели го направило подобар тренер.

Во разговорот за „СпортиНет“, Мурињо доби прашање дали има фудбалер кој го направил подобар тренер.

„Лео Меси. Зошто? Секогаш кога играв против него ме принудувааше да размислувам многу и тоа ме направи подобар во тие натпревари“, призна Португалецот.

Против Меси, Мурињо водеше битки водејќи ги екипите на Челси и Интер во Лигата на шампионите, но најмногу како тренер на Реал Мадрид во Шпанија.

Фото: Fenerbahçe/X