
Манчестер јунајтед почна преговори со ѕвезда на Селтик
Дембеле игра во одлична форма за Селтик и веќе подолго време е центар на внимание на англиските медиуми и клубови, па само прашање на време беше кога некој од премиерлигашките гиганти ќе тргне во акција да го ангажира. Дембеле има 21 година и сите стручњаци му предвидуваат блескава иднина.
Наводно, менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо бил заљубен во фудбалските способности на Дембеле и неговите игри во последнава година, па нема да пропушти шанса да го земе, пред да се вклучат во трката и другите ривали од Островот. Мурињо нема да жали милиони, а иако не се наведува точната сума во преговорите, се шпекулира дека таа ќе биде неколку десетици милиони фунти.
Дембеле е дел од Селтик од 2016 година, а претходно играше за Фулам, каде беше член во младинските погони. Инаку кариерата ја почна во Пари Сен Жермен. Сезонава на 14 меча има седум гола.