Манчестер јунајтед има нова желба за клупата: Ова име ја шокираше Англија

Иако на Оле Гунар Солшер му оди добро како привремена замена на клупата на Манчестер јунајтед, клубот и натаму бара нов менаџер. 

Маурисио Покетино се чини нема да го напушти Тотнем и да седне на клупата на „Олд Трафорд“, па Јунајтед се врти кон друг тренер. Англискиот селектор Герет Саутгејт сега е еден од главните фаворити за менаџер на „црвените ѓаволи“.

Саутгејт има договор со Англиската федерација до 2022 година, односно до завршувањето на Светското првенство во Катар. Тој одлично ја водеше репрезентацијата на изминатиот Мундијал, каде Англија стигна до полуфиналето.

Иако Зинедин Зидан исто така останува еден од фаворитите, Манчестер јунајтед е подготвен да разговара и со Саутгејт.