Македонецот остана „дома“: Елмас не е во плановите на Анчелоти за мечот против Ливерпул

Македонскиот фубалер Елиф Елмас нема да настапи на пријателски натпревар меѓу Наполи и Ливерпул, кој е на програмата утре, откако тренерот Карло Анчелоти одлучи играчот од средниот ред да остане во тренинг-кампот и да работи на подобрување на физичката подготвеност.

„Небесно сините“ попладнево ќе заминат во Единбург, а меѓу нив го нема Македонецот кој пред неколку дена потпиша договор со овој клуб од редовите на Фенербахче.

Натпреварот меѓу Наполи и Ливерпул се игра утре со почеток во 18 часот.