Мајсторијата на Стуани недоволна за триумф на Џирона против Алавес (ВИДЕО)

Џирона и Алавес одиграа 1-1 во рамки на 19.коло во Ла Лига.

Натпреварот го одбележа прекрасниот гол на домашниот фубалер Кристијан Стуани, кој на мајсторски начин погоди за водство од 1-0 во 12-тата минута. За Уругваецот ова беше 12-ти сезонски погодок и се израмни на второто место на листата на стрелци со својот сонародник и ѕвезда на Барселона, Луис Суарез.

Домашниот тим не успеа да го задржи водството, а Алавес погоди во 51-та минута преку Борха Бастон за да израмни на 1-1.