Лукаку преку Њукасл може да се врати во Премиер лигата

Амбициозното раководство на Њукасл веќе почнува да прави планови за идната сезона, а во нив, еден од главните ликови е белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку.

Учесникот во Лигата на шампионите сериозно ја разгледува можноста да го врати 30-годишниот напаѓач во Премиер лигата каде тој веќе играше за Челси, ВБА, Евертон и Манчестер Јунајтед. Менаџерот Еду Хау има доверба во Александер Исак и Калум Вилсон, но не ја крие желбата за ангажман на напаѓач од светски калибар.

Лукаку сезонава настапува како позајмен играч од Челси во Рома и на 11 натпревари веќе постигна шест гола во Серија А.