
Ливерпул откако ќе го продаде Луис Диаз ќе тргне по реализација на - рекорден трансфер!
Англискиот шампион ќе тргне по напаѓачот на Њукасл, Александер Исак кој чини 150 милиони фунти.
Исак сака да си оди од Њукасл, ги одби понудите од Саудиска Арабија, желба му е да заигра за Ливерпул, а црвените се подготвени да му ја остварат.
Ливерпул планира да го купи Исак со парите од продажба на Луис Диаз и Дарвин Нуњез. За првиот веќе најде купувач, а за вториот уште е во тек на преговори.
Тие претходно дадоа 95 милиони евра за напаѓачот Екитике, но и покрај тоа подготвени се да го ангажираат Исак за рекордна сума.