Лионел Меси заработил неверојатно богатство во 2019 година!

Најдобриот светски фудбалер во моментов Лионел Меси, првата ѕвезда на шпанска Барселона, заработил неверојатни 133 милиони евра во 2019 година, објави угледниот магазин „Франс Фудбал“, кој традиционално ја доделува најпрестижната награда на светот – златната топка.

Меси овие 133 милиони евра ги заработил од платата во Барселона (најплатен играч според годишните примања), како и од многуте реклами од спонзорите чие заштитно лице е. Зад Аргентинецот е Кристијано Роналдо со 121 милион евра заработка, а овој двоец е единствен што на годишно ниво заработил над 100 милиони.

Трет е Бразилецот Нејмар од ПСЖ со 96 милиони евра, од кои 36 милиони му се само од платата на „Паркот на принцовите“.

Зад ова трио, далеку подолу се Герет Бејл и Ентоан Гризман со по 39 милиони евра, Еден Азар со 35, Андрес Иниеста и Рахим Стерлинг со 34, Роберт Левандовски со 29 и Килијан Мбапе со 27 милиони евра.

Десетте фудбалери со најголема заработка во фудбалот на годишно ниво надминуваат половина милијарда евра, што е неверојатна сума на пари.