Леверкузен: Хаверц ќе игра за елитен клуб - наскоро

Каи Хаверц веќе подолго време важи за еден од најголемите таленти во Германија и Европа, а со игрите сезонава само го потврдува тоа.

Од натпревар во наптпревар тој си ја зголемува цената, а во неговиот договор со Баер Леверкузен има откупна клаузула од 100 милиони евра. Челниците на клубот се свесни дека не можат вечно да го задржат 20-годишникот, кој веројатно наскоро ќе игра за некој од елитните клубови.

„Искрен да бидам, секогаш имам мала надеж дека ќе можеме да го задржиме Хаверц, барем уште една година“, вели директорот на клубот Руди Фелер. „Тоа не го менува фактот дека веќе е играч од светска класа, тој тоа беше и претходно, но сега вниманието е свртено кон него уште повеќе. Тој наскоро сигурно ќе се пресели во елитен клуб“, додаде поранешниот германски репрезентативец.

Хаверц сезонава на 26 натпревари за Леверкузен има постигнато 11 голови, а игра како офанзивец во редот за врска. Барселона, Баерн Минхен, Ливерпул, Челси, Манчестер јунајтед и ПСЖ веќе во неколку наврати покажаа интерес за младиот Германец.