Лесна победа за Лион во Авр (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лион славеа лесна победа на гости кај Авр со убедливи 4:0 во рамките од осмото коло во француската Лига 1.

Гостите поведоа во 32. минута со голот нма Абнер. На 2:0 зголеми Малик Фофана по 12 минути игра во второто полувреме.

До крајот на натпреварот уште двапати се тресеше мрежата на Авр. Капитенот на гостите Александар Лаказет го постигна третиот, додека Саид Бенрама ги постави конечните 0:4.

Лион во овој момент е седми на табелата во Лига 1 со 13 бодови, додека Авр на 16. позиција има шест освоени бода.