„Л'Екип“: Погба донел одлука – на соиграчите им соопштил каде ќе игра идната сезона!

Француската суперѕвезда Пол Погба, кој е на крстопат дали да остане во Манчестер јунајтед или да замине во Реал Мадрид, веќе донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата и истата веќе им ја соопштил на соиграчите на „Олд Трафорд“, најави најугледниот француски весник „Л'Екип“, дека заминува во шпанската престолнина.

Погба сериозно се поврзува со трансфер во Реал, откако неговиот сонародник Зинедин Зидан се врати на кормилото, а фудбалерот за врска е еден од глвните цели на „кралевите“ во реконструкцијата на тимот што е планирана за летово, а Зизу ќе има половина милијарда евра за трошење за да изгради нов „галактички тим“.

Францускиот весник посочува дека Погба на соиграчите веќе им се доверил „дека има желба да продолжи во најголемиот клуб на светот, зашто сонува да игра во тим кој секоја година ќе се бори за најпрестижниот трофеј – Лигата на шампионите“.

Погба со Франција стана светски првак, а од 2016 година е дел од Манчестер јунајтед каде замина за 105 милиони евра од Јувентус. Но, во последно време англиските медиуми објавуваат дека тој „го уценува“ раководството на Манчестер со барање за плата од половина милион фунти неделна плата и дека на тој начин сака да издејствува трансфер.

Зидан е голем фан на Погба и го посакува во тимот, а неговиот сонародник треба да биде втората бомба покрај речиси езвесното доаѓање на Еден Азар од Челси. Со овие двајца, Зидан планира да направи нов тим со кој ќе доминира, ама и ќе ја прекине серијата на Барселона во домашниот шампионат, сооглед дека Реал има само две титули во Шпанија во последните десет години.