Легендата на Милан: Ибра, врати се и преземи ја одговорноста! (ФОТО)

Легендарниот фудбалер на Милан, Андриј Шевченко, во голем стил ја однесе Украина на Европското првенство, откако во групната фаза освои 20 бода и како прво пласирана го резервираше билетот за континенталниот собир, и тоа пред актуелниот шампион Португалија.

Поранешниот напаѓач, а сега селектор на Украина, му испрати јасна порака на шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ, кој по авантурата во Лос Анџелес Галакси се уште е без ангажман.

Веќе неколку клубови во последно време се обидуваат да го донесат Швеѓанецот во своите редови, а меѓу нив е и калчолигашот Милан.

Паоло Малдини и Звонимир Бобан се обидуваат да ја поправат ситуацијата кај „росонерите“ со доведување на Златан Ибрахимовиќ, па му понудија на 38-годишниот напаѓач шест милиони евра за 18 месеци, а сега сето тоа зависи од Ибра, на кого Шевченко му испрати јасна порака.

Ако сака да се врати во Италија и да се чувствува физички фит, верувам дека може да направи многу повеќе на теренот. Тој е одличен играч и полн со самодоверба. Каде и да играше беше многу добар, а ако реши да се врати во Милано, може биде од голема корист за тимот. Тоа би значело преземање на многу одговорност. Тој би можел да направи многу за Милан, истакна вториот најдобар стрелец во историјата на Милан.

Ибрахимовиќ играше за Милан од 2010 до 2012 година и на 85 натпревари постигна 56 голови како и 24 асистенции и беше еден од најзаслужните за освоеното скудето на „росонерите“ во 2011 година.