„Ле Паризиен“: ПСЖ одреди неверојатна цена за Нејмар

Во претходните денови се шпекулира дека Нејмар летово ќе го напушти ПСЖ, откако наводно и самиот му соопштил на претседателот Насер Ал-Келаифи дека сака да се врати во Барселона.

Сепак, јасно е дека ПСЖ нема да го пушти тукутака лесно фудбалерот, кој пред две години го купија за 222 милиони евра, па сега ја одредија неговата цена, од која дефинитивно боли главно.

Наводно, шампионот на Франција не сака, ниту помалку, ниту повеќе, туку - 300 милиони евра, што е речиси невозможно да го плати Барселона, но и било кој друг клуб во светот.

Од друга страна, Каталонците планираа да понудат околу 100 милиони евра, плус во трансферот да вклучат некој од своите фудбалери, а се шпекулираше дека тоа би можел да биде Осман Дембеле.