Лацио во проблеми, им се повреди еден од најважните фудбалери!

Лацио дозна лоши вести пред рестартот на сезоната во италијанската Серија А. Сергеј Милинковиќ-Савиќ се пожалил на болка во коленото на тренинг и екипата од Рим се плаши од најлошото.

Србинот во 18 часот ќе оди на медицински прегледи, по што ќе биде познато колку време српскиот репрезентативец ќе мора да паузира.

Со оглед на тоа дека популарниот Србин е еден од најдобрите играчи на Лацио, веста за неговата повреда е лоша бидејќи тие ќе бидат ослабени во борбата за титулата.