
Кулушевски го спаси Јувентус од пораз сред Торино (ВИДЕО)
Јувентус во финишот на првото полувреме постигна гол преку Алваро Мората, но погодокот беше поништен по асистенција на ВАР-технологијата поради офсајд.
Кулушевски влезе во игра во 61. минута од дуелот, а потоа успеа да стрела за 1-1 и да му донесе бод на италијанскиот првак.
„Старата дама“ во моментов се наоѓа на петтата позиција со девет освоени бодови, а Верона е осмопласирана со еден бод помалку.