Конте со притисок до управата: Кинезите знаат што треба да направат

Интер пропушти шанса да го преземе првото место во италијанската Серија А, откако Јувентус најпрво киксна во Лече, а потоа „нераѕурите“ одиграа реми со Парма, па разликата остана иста.

Тренерот на Интер, Антонио Конте е загрижен поради тоа што неговата екипа испушта важни бодови, па бара засилувања од управата.

„Се грижам и тоа многу. Одигравме лошо прво полувреме. Не можам да барам повеќе од фудбалерите, три дена за шест меча, а единствениот проблем е тоа што немаме доволно фудбалери, па мора да се засилиме“, кажа Конте.

Кинезите се веќе свесни што треба да направат, па веќе работат на неколку засилувања, а како потенцијални нови имиња на „нераѕурите“ се споменуваат Видал, Ракитиќ и уште еден напаѓач.