Конкурентот на Димитриевски не знае дали ќе биде прв голман во Ливерпул!

Гиорги Мамардашвили минатото лето потпиша за Ливерпул, но остана уште една сезона во Валенсија каде сега настапува како позајмица.

Останувањето на Мамардашвили на Местаља ги расипа плановите на Димитриевски кој за Валенсија потпиша да биде прв голман, но тоа не е случај.

Се веруваше дека Алисон ќе замине од Ливерпул по крајот на оваа сезона, но бразилскиот голман брани во голема форма, па реално е сценариото да остане на Енфилд.

Мамардашвили не знае дали ќе биде прв голман на Ливерпул, но ветува дека максимално ќе се бори за тоа да се случи.

„Ќе одам во Ливерпул да се борам за местото број еден на голманската позиција“, вели Мамардашвили.

„Одам таму за да тренирам најдобро и не знам што ќе одлучат тие потоа. Јас не одлучувам кој ќе брани а кој нема да брани“.