
Ѓорческа помина уште една пречка во Марибор - ќе игра во полуфинале!
Грузијката беше фаворитка во овој меч со оглед на тоа што е за речиси 80 поиции подобра од Ѓорческа на ВТА листата, но Македонката покажа дека е во одлична форма и во два сета го доби мечот.
Првиот сет Ѓорческа го доби во тајбрејк со 7-5. Македонската тенисерка отвори фуриозно со 3-0, но потоа следуваат пет гејма на Болквадзе со кои направи пресврт и поведе со 5-3. Следуваше период на Лина која повторно доби три гејма во серија и го сврте мечот во своја полза поведувајќи со 6-5. Противничката го зема следниот гејм и го однесе сетот во тајбрејк кој и припадна на нашата тенисерка.
Победата во тајбрејкот и даде дополнителна сила на Ѓорческа која вториот сет го доби со 6-3 и ја комплетираше победата од 2-0.
Во полуфиналето Ѓорческа ќе игра со победничката од дуелот меѓу Јуван од Словенија и Ружиќ од Хрватска. Хрватката е втора носителка на турнирот.