
Милевски: Тешко ми е да зборувам за трагедијата – мора да се фокусираме на фудбал!
Селекторот Благоја Милевски веќе го има дефинирано стартниот состав и порача дека тимот мора да го даде максимумот за да ги освои трите бода. Во пресрет на дуелот, Милевски одржа прес-конференција, на која првично беше запрашан за трагедијата во Кочани, каде загинаа 59 лица.
„Тешко ми е да зборувам за тоа што се случи. Сакам да изразам сочувство до семејствата на настраданите. Би замолил да се фокусираме на фудбалот, бидејќи ми е тешко да зборувам за нешто друго“, изјави селекторот.
Говорејќи за претстојниот натпревар, тој истакна дека очекува репрезентацијата да ја продолжи победничката серија.
„Дојдовме да ја потврдиме нашата добра форма и верувам дека тоа можеме да го направиме со најдоброто издание“, рече Милевски.
Селекторот е задоволен што клучните играчи како Елмас и Барди имаат поголема минутажа во своите клубови, но нагласи дека тие секогаш давале максимум за националниот тим. Поради повреди, првичниот план за стартниот состав бил изменет, но Милевски увери дека веќе знае со кои 11 фудбалери ќе започне мечот во Вадуц.