Грција ја чека казна од УЕФА за натпреварот против Шкотска

Фудбалскиот сојуз на Грција се соочува со потенцијална казна од УЕФА по првиот натпревар од плеј-офот за опстанок во „А“ Лигата на Нации против Шкотска.

Шкотска славеше како гостин со 1-0, а голот за победа го постигна Мектоминеј во 33 минута од пенал.

При изведувањето на пеналот можеше да се забележи и како навивачите со ласери го попречуваа фудбалерот на Наполи да го изведе ударот од белата точка.

Токму тоа би можело да биде повод УЕФА да изрече казна за Фудбалскиот сојуз на Грција и тоа не би било првпат некоја репрезентација да биде казнета за нешто таква.

Реваншот помеѓу Шкотска и Грција се игра на „Хампден парк“ во Глазгов на 23 март.