Срушен рекордот на Рашфорд: Ѕвездата на Арсенал испиша историја против Албанија (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Англија и фудбалер на Арсенал, Мајлс Луис-Скели вечерва со голот против Албанија во квалификациите за Светското првенство постави нов рекорд.

Имено, Скели стана најмладиот англиски фудбалер кој постигнал гол на своето деби во дресот на „Гордиот Албион“.

Напаѓачот на „топчиите“ погоди на возраст од 18 години и 176 со што го надмина рекордот на Маркус Рашфорд кој во 2016 година на дебито стрелаше со 18 години и 209 дена проитв Австралија.

Неговиот гол исто така беше и прв во ерата на Томас Тухел кој вечерва дебитира на клупата на Англија откако го наследи Герет Саутгејт.