Буфон е легенда на Италија, а синот го советувал да игра за - Чешка!

Џанлуиџи Буфон е една од најголемите легенди во италијанскиот фудбал, но сепак неговиот син Луј Томас кој не е голман се одлучи да настапува за репрезентацијата на Чешка.

Томас кој има 17 години за сајтот на Фудбалскиот сојуз на Чешка објасни како се одлучил да го облече дресот на оваа земја и откри дека Буфон не само што не инстирал да ја избере Италија, туку и го советувал да се одлучи за Чешка.

„Секако, мама беше среќна.. Но, и мојот татко беше возбуден бидејќи тоа беше мој прв повик во репрезентацијата. Исто така ме советуваше да играм за Чешка, бидејќи според него тоа е најдобар начин да се развивам како играч“, изјави Луј Буфон.

Синот на Буфон средното име го доби по славниот камерунски голман Томас Н’Кону, а на почетокот на март дебитираше во Серија Б за тимот на Пиза, претходно за вториот тим на италијанскиот второлигаш постигна шест голови на 19 натпревари.