Успешно деби за Тухел: Англија рутински ја совлада Албанија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Англија вечерва во натпреварот од првото коло во квалификациите за Светското првенство славеа победа над Албанија со 2-0.

Во натпреварот кој беше деби на клупата на „Гордиот Албион“ за селекторот Томас Тухел, Англичаните славеа рутински без поголеми проблеми.

Резултатот беше отворен во 20-тата минута кога 18-годишниот Луис-Скели погоди на дебито и така стана најмладиот дебитант стрелец во репрезентацијата на Англија.

По водството на Англија гледавме мирна игра без многу шанси, Англичаните иако не напаѓаа премногу сепак сигурно го чуваа водството.

Конечните 2-0 ги постави Хари Кејн во 77. минута. Во финишот од натпреварот видовме и повреда кај првиот голман на Албанија, Старкоша кој мораше да биде заменет.

Останатите четири средби кои се играа вечерва ги одлучи еден гол, а славеа Летонија против Андора (0-1), Финска против Малта (0-1), Полска против Литванија) и Босна и Херцеговина против Романија (0-1).