Приходите од билетите од дуелот со Вардар, Пелистер ќе ги донира за семејствата на жртвите во Кочани

Идната недела на програмата е големото дерби во македонскиот фудбал, меѓу Пелистер и Вардар во Битола, а домаќинот на овој меч одлучи да организира хуманитарна акција.

Билетите од влезниците за овој натпревар ќе бидат донирани за семејствата на загинатите во дискотеката во Кочани. Цената на билетите за најголемото македонско фудбалско дерби изнесува 200 денари.

Дуелот меѓу Пелистер и Вардар е закажан за 29 март, додека останатите натпревари се играат подоцна.