
Српски голман, прв фаворит за наследник на Куртоа во Реал
Шпанските медиуми тврдат дека Рела веќе бараанов голман, а според информациите, прв пик е Миле Свилар. Српско-белгискиот голман брани навистина феноменално во Рома оваа сезона, веќе привлече големо внимание, па веќе се спомнува можноста за негово заминување. Рома преговара со Свилар за продолжување на соработката. Неговиот актуелен договор е со важност до јуни 2027 година, но римскиот клуб не е подготвен да му понуди големо зголемување на платата, а од милион евра годишно понуденото зголемување е дополнителни 600.000 евра. Други клубови се подготвени да понудат повеќе, меѓу нив наводно е и Реал Мадрид, кој во Свилар гледа идеална замена за Куртоа.
"Реал е во потрага по голман кој би можел совршено да се вклопи во тимот. Андриј Лунин е тука до 2030 година, но и покрај желбата да ја продолжи соработката со Куртоа, тој старее. Голманот на Рома, Миле Свилар, кој исто така е роден во Белгија, веќе некое време е на радарот на Реал. Скаути на Реал имаат само пофални зборови, менаџментот веќе размислува за него и е подготвен да го обезбеди преку преговори во летото 2026 година. Неговата вредност се проценува на 14 милиони евра што не е проблем за Реал", тврди порталот Фихајес.
Миле Свилар ја почна кариерата во младинската школа на Бершот, а првите професионални чекори ги направи во Андерлехт. Пет години беше член на Бенфика, пред да се пресели во Рома во летото 2022 година, што се покажа како правилен потег. Со оглед на тоа што е роден во Антверпен, има белгиско и српско државјанство, но не брани за ниедна од овие репрезентации.